За нас

Доверба

Нашата авто школа, со седиште во општина Битола, постои од 2004 година. Од тогаш ние низ сите тешкотии на овие простори успеавме да оспособиме многу илјади возачи. Наш најголем успех е довербата кај нашите клиенти, која ја стекнавме со професионално залагање и труд.

Напредок

Како напредуваше нашата авто школа така растеше и нашата понуда. Оспособуваме и испитуваме кандидати за "АМ", "A", "А1", "Б", "Ц" и "ЦЕ" категории. Покрај тоа на нашите кандидати им нудиме и стручна помош за совладување на секој сегмент од теоретскиот и практичниот дел од обуката.

На располагање

Можете да дојдете во нашата училница и на компјутер да ја научите возачката теорија која Ви е неопходна за полагање на теоретскиот дел од испитот. Исто така можеме да Ви обезбедиме стручна литература и да Ви ги дадеме сите неопходни информации како на најлесен и најбрз начин дојдете до возачка дозвола.
Нашите простории се наоѓаат на ул. Климент Охридски бр.29, 7000, Битола, Македонија.

Инструктори

Нашите вработени се професионaлни предавачи и инструктори со долгогодишно искуство.
При спроведувањето на обуката, искусните инструктори пристапуваат со внимание и професионализам кон секој кандидат и динамиката на обуката ја прилагодуваат спрема секој кандидат поединечно.

Инструктори:
- Костовски Менде: "А", "Б", "Ц", "ЦЕ" - категорија;
- Гроздановски Игор: "Б" - категорија;
- Јаневски Павле: - "А", "Б"- категорија;

Предавач и стручен раководител:
- Марушевски Пеце дипл. сооб. инж.

Нашите простории

ул. Климент Охридски бр.29, 7000, Битола, Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Bookmark and Share